Двајца поранешни ученици денеска упаднале во училиште во бразилскиот град Сао Паоло и убиле шестмина малолетни ученици и три возрасни лица, од кои еден бил случаен минувач.

Двете момчиња со оружје упаднале во училиштето и почнале да пукаат. Откако убиле 9 лица, а повредиле 17, маскираните напаѓачи се самоубиле.

Нивниот идентитет се уште не се соопштува, туку само дека биле на возраст меѓу 20 и 25 години.

Бев во училницата за време на паузата. Прво мислев дека е звук на бомби. Се скрив кога сфатив дека се куршуми и излегов дури кога дојде полицијата, изјавила по индидентот учителката Сандра Перез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.