Поранешен војник си ги застрелал трите деца додека спиеле во неговиот дом во Јужна Каролина додека нивната мајка избезумено барала помош, соопштија властите. Поранешниот војник убил и колега на поранешната сопруга, а потоа се самоубил.

Чарлс Слакс Јуниор, исто така, застрелал и убил војник кој работел со мајката на децата и случајно се нашол внатре во домот, изјави началникот на полицијата во Самтер, Расел Роарк на прес-конференција.

Слакс и неговата сопруга биле разведени, но тој сè уште имал клуч од домот во Самтер во кој влегол околу 22 часот (по локално време) во вторникот, рече Роарк.

Слакс го застрелал колегата на својата поранешна сопруга во дворот додека мајката се обидувала да го запре, а потоа ја турнал и се упатил на катот и ги застрелал децата на возраст од 5, 6 и 11 години во нивните кревети, изјави началникот на полицијата.

„Малите деца спиеле во своите кревети“, рече Роарк.

Мобилниот телефон на мајката се полнел горе, па истрчала да види дали ранетиот колега има телефон што може да го користи. Слушнала истрели, се вратила внатре и го видела својот поранешен сопруг на врвот од скалите, каде што се застрелал, изјави Роарк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.