Пет лица загинаа, вклучувајќи и две деца, при оружен напад во куќа во Рок Хил во Јужна Каролина, соопшти шерифот на округот Јорк.

Отворен е оган и врз уште едно лице кое се здобило со сериозни повреди. Осомничениот е уапсен, соопштија локалните власти.

Го идентификувавме лицето за кое сметаме дека е одговорно за нападот. Го пронајдовме во една куќа во близина на местото на инцидентот. Не постои директна закана за населението, објави на Твитер канцеларијата на шерифот на округот Јорк.

Жртвите се идентификувани како доктор Роберт Лесли (70) и неговата сопруга Барбара Лесли (69), нивните внуци и Џејмс Луис (39), кој работел во куќата.

Властите не го соопштија името на осомничениот, ниту мотивот за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.