Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека најмалку 40 луѓе загинале во престрелката во две џамии, што се случи во градот Крајстчрч.

Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.

Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди.

Предмалку „Си-Ен-Ен“ објави дека борјот на загинати се искачи на 49.

Полицијата потврди дека има „значителен“ број жртви, но не го прецизира нивниот број. Во соопштение наведува и дека откриле неколки импровизирани експлозивни направи оставени под автомобили.

По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени.

Маж, кој презел одговорност за нападот, оставил антиимигрантски проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и какви се причините за нападот.

Eден од терористите кој го изврши нападот објавил и видео во живо на „Фејсбук“. Клипот е маркиран за време на нападот, објави „Вашингтон тајмс“.

Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.

Видеото е веќе избришано од интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.