Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, во петокот изјави дека Берлин е подготвен да го пречека рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, на болничко лекување, иако не е на Германија да одлучи дали Навални е подготвен да биде транспортиран од болницата во Омск.

Дадовме на располагање дека тој може да се лекува во Берлин. Таа понуда стои. Но, тешко е за нас да процениме дали тој може да биде транспортиран од медицинска гледна точка, истакна министерот.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, во четвртокот објави дека тој е „отруен од нешто измешано во чајот“.

Лекар од болницата во Омск тврди дека „не се пронајдени отрови или траги од отров во неговото тело“, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека лекарите ќе одлучат за времето за потенцијалниот транспорт на Навални за Берлин, без мешање на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.