Во Перу денеска се одржуваат претседателски избори, на кои гласачите избираат помеѓу неолибералка и марксист.

Според аналитичарите, перуанските гласачи ќе постават нов правец на државата, а кој и да победи, земјата се соочува со нестабилна и неизвесна иднина.

На претседателските избори граѓаните на Перу ќе избираат меѓу социјалистичкиот кандидат, Педро Кастиљо и Кеико Фуџимори, ќерката на контроверзниот поранешен претседател Алберт Фуџимори.

Кастиљо, чија социјалистичка партија Слободен Перу беше силно поддржана од посиромашните рурални региони, има мала предност во однос на конзервативката Фуџимори, која е популарна во главниот град Лима, велат експертите.

Земјата смени тројца претседатели од крајот на 2020 година, има највисока смртност од корона вирус во светот и минува низ најтешката економска криза во последните три децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.