Претседателот на стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, оцени дека државата не реагирала навремено за да обезбеди одредени резерви на енергенси поради што сега се соочуваме со ценовни шокови, неизвесности и кризи. Како што рече тој, конфликтот во Украина дополнително придонесува за продлабочување на кризата.

Состојбата во Украина дополнително ќе придонесе во државата да се појави зголемување на енергетската, а воедно и на економската криза. Сметаме дека самата држава требаше да преземе значителни чекори да се обезбедат резерви – рече Манасков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.