Малта од оваа среда ќе забрани влез на сите патници кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Со ваквата одлука, негативниот тест за вирусот повеќе нема да биде доволен услов за да се премине границата на овој мал медитерански остров со околу половина милион жители.

Властите во Малта се надеваат дека со ваквата мерка ќе го запрат зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.