Американските власти подигнале во петокот обвинение за координирано хакирање на сметките на познатите личности на Twitter од 15-ти јули, за еден државјанин на Велика Британија и двајца Американци од кои едниот е малолетник, соопштија во петокот претставниците на сојузното обвинитеслтво на Северниот округ на сојузната држава Калифорнијаи окружниот обвинител на Флорида.

Како што се наведува во изјавата на обвинителството на Калофорнија, 19-годишниот државјанин на Велика Британија Мејсон Шепард е обвинет за заговор за изведување електронска измама, перење пари и добивање неовластен пристап туѓи кумпјутерски системи. Жителката на Орландо на Флорида, 22-годишната Нима Фазели е обвинета за соучесништво во неовластениот пристап до компјутерски системи.

Двајцата се во притвор, се додава во соопштението. Шепард, доколку прогласен виновен, се соочува со глоба до 250.000 долари и затвор до 20 години, а Фазели исто така со глоба и затворска казна до пет години.

Седумнаесетгодишни момче од американската сојузна држава Флорида е обвинет во петокот дека е мозокот на спектакуларното хакирање на сметките на славните личности на Twitte.

Оваа масовна измама е изведена во нашето соседство, истакнува во соопштение обвинителот Ендрју Ворен.

Момчето, идентификувано како Греам Ајван Кларк, е уапсен во Тампа на Флорида во петокот, и е овинет дека ги украл идентитет на славните личности, меѓу кои и на поранешниот претседател Барак Обама и претприемачот Илон Маск.

Поставил пораки во нивно име и барал од жртвите да испратат биткоини и така собрал повеќе од 100.000 доалри во биткоини во еден ден, наведуваат обвинителите.

Седумнаесетгодишникот е обвинет за измама во комуникацијата и за користење туѓи лични податоци. Стој е овинет по 30 точки од обвинението. Кларк конкретно е обвинет за организирање на измамата, кражбата на идентитетитеи за изведување хакерски напади. Обвинителот Ворен рече за Кларк за „главниот организатор“ на хакирањето на акаунтите.

Тој живее тука во Тампа, изврши злосторство и ќе му се суди“, додаде Ворен, прецизирајќи дека законот на Флорида овоможува обвинување против малолетници, исто како и полнолетните за финансиски измами, во случаи како овој.

Се очекува Кларк да биде изведен пред судот во сабота. Доколку биде прогласен за виновен, тој исто така се соочува со долгогодишна затворска казна.

Од 130 нападнати профили, хакирани биле 45, меши кои и на демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден, на основалите на Amazon и на Microsoft, односно Џег Безос и Бил Гејтс.

Обвинителот Ворен прецизираше дека злосторството е направено со цел богатење, како и дека поради хакирањето на профилите на голем број познати личности постоела закана од „дестабилизација на финансиските пазари во САД и низ целиот свет“, како и „поркопување на американската политика и дипломатија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.