Повеќе од 15 луѓе се уапсени, а неколку полицајци се полесно повредени, кога избувнаа немири во шведскиот град Малме, откако екстремно десничарски активисти го запалија Куранот.

Како што објавија од полицијата, повеќе од 300 луѓе, собрани на протест, запалиле неколку пожари и фрлале разни предмети кон полицијата и службите за спасување.

Насилството избувна откако активисти од крајно десничарскиот „Радикален курс“, вчера попладне ја запалија муслиманска света книга во населба населена претежно со мигранти и објавија видео од палењето на Интернет.

За таквиот потег се уапсени три лица под сомнение за поттикнување насилство кон етничките групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.