Малезија се затвора поради зголемениот број смртни случаи од коронавирус и сериозните случаи кај деца. Драстичното зголемување на вкупните инфекции ја принудија оваа држава во југоисточна Азија на целосен карантин.

Премиерот Мухидин Јасин прогласи целосна блокада на земјата од 1 до 14 јуни, бидејќи дневните смртни случаи од коронавирусот достигнаа рекордни бројки, а Владата предупреди дека влошената епидемиолошка состојба е поврзана со заразните мутации на вирусот.

Три деца на возраст под пет години починаа од коронавирус во првите пет месеци од годинава, а ист број е регистриран и во текот на 2020 година, изјави генералниот директор на малезиското Министерство за здравство, Нур Хишам Абдулах.

Вкупно 27 деца, вклучително и 19 на возраст под пет години, морале да се лекуваат на интензивна нега во периодот меѓу јануари и мај откако биле заразени со Ковид-19, за разлика од осумте случаи минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.