Бебето Кики, како што ја нарекле во медиумите, нејзината постара сестра и мајка биле пуштени заедно од болницата во Пекинг по закрепнувањето од коронавирусот, соопштиле кинеските медиуми.

Семејството инаку доаѓа од Вухан, епицентар на заразата која досега однела 1.523 животи, а од која заболеле повеќе од 66.000 луѓе.

Кај мајката и бебето првите симптоми се појавиле на 25-ти јануари, а во болницата биле примени следниот ден.

Како што наведува агенцијата “Синхуа”, заразен бил и таткото на бебето, кој порано бил пуштен од болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.