Францускиот претседател, Емануел Макрон, соопшти дека неколку европски земји работат на отворање на заедничка дипломатска мисија во Авганистан, што ќе им овозможи на нивните амбасадори да се вратат во земјата.

Западните земји размислуваат како да се однесуваат со талибанците откако тие ја презедоа власта во Авганистан во август.

САД и другите западни земји ги затворија своите амбасади и ги повлекоа дипломатите откако талибанците го окупираа Кабул и прогласија преодна влада чии највисоки членови се под санкции на САД и ОН.

Размислуваме за организација меѓу неколку европски земји … заедничка локација за неколку Европејци, што ќе овозможи присуство на нашите амбасадори – изјави Макрон во Доха пред да замине за Џеда во Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.