Францускиот претседател Емануел Макрон побара од премиерката на таа земја, Елизабет Борн, да предложи нова „акциона влада“, која ќе биде именувана на почетокот на јули. Макрон изјави за агенцијата Франс прес дека има доверба во Борн.

Претседателот на Франција, минатата недела ја одби нејзината понуда да поднесе оставка, по поразот на парламентарните избори одржани минатата недела, кога го загуби апсолутното мнозинство.

Исклучувајќи ја можноста за формирање влада на национално единство, Макрон ги повика пратениците на ривалските партии да размислат за коалиција со неговиот центристички сојуз или да ја дадат својата поддршка за реформите и да преговараат за идните закони. Сепак, политичките ривали го отфрлија тоа, гледајќи го во тоа обидот на Макрон да ги собере другите околу својата политика со само неколку компромиси. Засега останува неизвесно како ќе изгледа францускиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.