Франција во карантин

Макрон: Ние сме во војна

Свет 17.03.2020 / 9:49

Францускиот претседател Емануиел Макрон најави воведување драстичнимерки заради ширењето на коронавирусот, па рекол дека неговата држава е во војна.

Утре на пладне на сила стапуваат одредбите за радикално ограничување на движењето на сите граѓани под закана од остри санкции.

Нашето движење ќе биде стриктно ограничени најмалку две недели, изјавил Макрон, појаснувајќи дека излегувањето од домовите ќе биде дозволено само за најосновните потреби.

 

Ние сме во војна, драматично заклучи Макрон неколку пати во текот на говорот во кој рекол дека се одлага вториот круг на локалните избори, кој требало да се одржи на 22 март.

Објавил и дека ги запира и пензиските реформи.

Франција во координација со другите членки на ЕУ ќе ги затвори своите граници, рекол Макрон.

Во спроведувањето на рестрикциите ќе биде ангажирана и војската, чија примарна задача ќе биде ефикасен транспорт за заболените до болниците. За третман на заболените ќе се корисни воената болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести