Францускиот претседател, Емануел Макрон, порача дека е неопходно да има дијалог со Русија за да се обезбеди стабилноста на Европа.

Сепак, Макрон, истакна дека дијалогот мора да биде „напорен“ за да не се отстапи од европските вредности.

Станува збор за тежок дијалог затоа што не отстапуваме од нашите вредности, ниту од нашите интереси – изјави Макрон по пристигнувањето на самитот на Европската Унија во Брисел.

Лидерите на Европската Унија вечерва на самитот ќе разговараат за односите со Русија и форматот на дијалогот што треба да се води со рускиот претседател Владимир Путин.

Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изјави дека ЕУ треба да воспостави „директен контакт“ со Русија и рускиот претседател и да „создаде механизми“ за „заеднички одговор на провокациите и хибридните напади“ од Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.