Францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврди дополнителни 100 милиони евра итна помош за Либан и 500.000 дози вакцини против Ковид-19 за таа земја.

Макрон, исто така, ќе се обиде да собере повеќе од 350 милиони долари за помош на Либан на донаторската конференција планирана за денеска, кога Либан ја одбележува годишнината од катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во која загинаа повеќе од 200 луѓе, а илјадници беа повредени.

Една година по експлозијата, предизвикана од огромно количество амониум нитрат што со години се чуваше небезбедно во пристаништето, никој не одговори, што предизвика револт кај многу Либанци, а земјата се уште нема формирано влада и покрај францускиот и меѓународниот притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.