Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека планира во наредните денови да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски.

Во следните денови повторно телефонски ќе разговарам со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин, изјави Макрон за ТВ Франс 2.

Тој на 7 февруари ја посети Москва, кога разговараше со Путин, а следниот ден францускиот лидер беше и во Киев, каде имаше средба со Зеленски.

По дијалогот во Москва, Макрон и Путин имаа редовни телефонски разговори, а во последните неколку недели имаше вкупно девет, јави Тасс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.