Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека ќе ја рестартира борбата за, како што истакна, универзално укинување на смртната казна и дека ќе организира состанок на највисоко ниво за да ги „убеди“ лидерите на земјите кои се уште ја применуваат казната „итно да ја укинат“.

Ви објавувам овој 9 октомври 2021 година, дека Франција ќе ја продолжи борбата за универзално укинување на смртната казна – изјави Макрон во говорот во Париз по повод 40-годишнината од укинувањето на смртната казна во таа земја.

Тој порача дека во рамките на француското претседателство со Европската Унија во првата половина на 2022 година, Франција, заедно со невладината организација „Заедно против смртната казна“ (Ensemble contre la peine de mort) во Париз ќе организира средба на цивилни општества на држави кои се уште ја применуваат таа казна за да ги убедат нивните водачи во важноста и итноста за нејзино укинување.

Макрон потсети дека Франција беше 35. земја во светот што ја укина смртната казна во 1981 година. Тој посочи дека до денес, 106 земји ја укинале таквата казна и дека 50 го почитуваат мораториумот за нејзино извршување.

Тој изрази жалење што 483 лица биле погубени во светот во 2020 година

Смртната казна се уште не е укината, меѓу другите земји, во Кина, САД и Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.