Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе биде штета ако не дојде до состанок помеѓу иранскиот и американскиот претседател, Хасан Рохани и Доналд Трамп за време на седницата на Генералното собрание во Њујорк.

Важно е Рохани да не замине од САД без средба со претседателот Трамп. Тоа би била пропуштена можност бидејќи тој нема да се врати неколку месеци, а Трамп нема да замине во Техеран, и затоа треба да се сретнат сега – рече Макрон на состанокот со Рохани и британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Генералното собрание на ОН.

САД лани се повлекоа од нуклеарниот договор на светските сили со Иран и оттогаш вршат економски притисок врз Техеран за да престане да ја развива својата нуклеарна програма.

Макрон во понеделникот разговараше со Рохани, настојувајќи да ги намали тензиите меѓу Вашингтон и Техеран и во надеж дека ќе започнат разговори меѓу двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.