Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Русија итно да го објасни случајот со наводното труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.

макрон изјави дека Париз нема да дозволи да се преминат црвените линии во врска со употребата на хемиско оружје.

Ние нема да толерираме употреба на хемиско оружје во Европа, Русија или Сирија. Ова појаснување мора да биде брзо и беспрекорно, затоа што ќе ги примениме нашите црвени линии – изјави Макрон на Генералното собрание на ООН.

Сепак, францускиот претседател не прецизира што ќе стори доколку Русија не даде задоволителни објаснувања.

Кремљ негира каква било вмешаност во наводното труење на Навални.

Навални минатиот месец се разболе во Сибир, по што беше хоспитализиран во Омск, а потоа, во состојба на индуцирана кома, беше префрлен на лекување во Германија.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервен агенс Новичок, што Москва го негира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.