Францускиот претседател Емануел Макрон со сите почести ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел.Оваа нивна средба доаѓа пред т.н клучна недела во Брисел по кој многу работи треба да бидат појасни.

Покрај Брегзит, лидерите на ЕУ треба да разговараат и за датумот за преговори за Македонија и Албанија.Франција е една од неколкуте земји кои се противат нашата земја да почне да преговара за членство поради слабиот број реформи и високото ниво на корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.