Францускиот претседател Емануел Макрон донесе одлука наместо посветла нијанса на знамето на Франција да употреби темно сина боја, јавува Би-би-си.

Лани на претседателската палата беа поставени знамиња со нова сина нијанса и тоа помина сосема незабележано.

Според Европа 1, Макрон сакал да ја врати темно сината боја, симболот на Француската револуција.

Се додава дека француската морнарица и многу згради низ земјата постојано користеле темно сини знамиња, но дека во 1976 година, со одлука на претседателот Жискар д’Естен, светло сината била воведена на француското знаме за да одговара на сината на европското знаме.

Елисејската палата јавно не објави дека нијансата на бојата на знамето е сменета, ниту пак на другите институции им било наредено тоа да го направат.

Наводно, имало несогласувања околу промената на нијансата, но сите заинтересирани инсистираат промената на бојата да не се толкува како гест против ЕУ.

Се очекува Франција да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.