Францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Жан Кастекс, утринава го испија утринското кафе на тераса од бистро во близина на Елисејската палата.

Емануел Макрон успеа во својата цел, да ги отвори терасите на рестораните во средината на мај.

Добрата вест пристигна поради јасното повлекување на епидемијата и над 20 милиони вакцинирани лица во земјата.

Од денеска, како што веќе јавивме, во Франција се отвораат и кино салите, театрите и спортските сали, како и продавниците. Полицискиот час почнува во 21 часот, место досегашниот од 19 до 6 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.