Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека насилството е некомпатибилно со демократијата и дека, без оглед на вчерашниот инцидент, тој ќе продолжи да комуницира директно со граѓаните во јавност.

Откако вчера граѓанин му удри шлаканица за време на посетата на југоисточниот дел на Франција, Макрон изјави дека го разбира незадоволството на граѓаните, но дека насилството е целосно неприфатливо во демократска држава.

Го разбирам гневот на граѓаните. Го прифаќам фактот дека постои гнев што граѓаните мора легитимно да го изразат. Јас сум во редовен контакт со луѓе кои изразуваат лутина и вознемиреност за одредени одлуки, и секогаш сум тука за да го слушнам тоа и понекогаш можам да одговори на прашања, но понекогаш и не. Сепак, насилството е целосно неприфатливо, особено во демократијата  – рече францускиот претседател, пренесуваат медиумите во таа земја.

Тој додаде дека и покрај инцидентот, сепак ќе биде среќен да разговара со граѓаните во јавност.

Ќе продолжам да одам насекаде. Не смееме да попуштиме на насилство, а особено на насилство врз јавни службеници. Не треба да трошиме премногу време на ова – рече Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.