Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска ја назначи актуелната амбасадорка на Франција во Велика Британија, дипломатот од кариера Катрин Колона, за нов министер за надворешни работи на земјата, соопшти Елисејската палата.

Актуелните министри за финансии и економија и за внатрешни работи, Бруно Ле Мер и Жерар Дарманен, ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесе „Ројтерс“.

Министерката за индустрија во заминување Ања Пание-Рунаше ќе го преземе новиот министерски ресор за енергетска транзиција, соопшти Елисејската палата.

Амели де Моншелен е назначена за нова министерка за животна средина и климатско планирање.

Тие ќе бидат одговорни за својата работа пред Елизабет Борн, која Макрон ја избра за нова премиерка во понеделникот.

Таа е втора жена на таа позиција во Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.