Претседателот на Франција, Емануел Макрон и понатуму има одредени симптоми карактеристични за Ковид-19, но неговата состојба е стабилна, изјави портпаролот на Владата, Габриел Атал.

Макрон (43) на 17 декември објави дека е позитивен на новиот коронавирус и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила.

Тој ги извршува должностите преку видео врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.