Францускиот претседател Емануел Макрон доби шлаканица од посетителите за време на официјална посета на одделот Дром во југоисточна Франција.

Друго видео објавено на социјалните мрежи покажува поинаков агол од нападот врз Макрон. Францускиот претседател трча кон граѓаните со маска, придружуван од две лица од обезбедувањето, а кога се приближува до оградата и се поздравува со маж од публиката, по што тој му удира шлаканица.

Вознемирен, Макрон рефлексно се поместува настрана, а припадниците на обезбедувањето го одвлекуваат кон автомобилот. На оваа снимка се слуша ударот.

Напаѓачот е уапсен, а Макрон изјави дека ова е само изолиран инцидент.

Овој инцидент мора да го ставиме во перспектива, ова е изолиран настан, изјави Макрон за францускиот локален дневен весник „Дофин Либре“, додавајќи дека не смеат да дозволат ултранасилни луѓе да преземаат јавни дебати зотшо тие не го заслужуваат тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.