Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ги повика Европските земји и САД итно да испратат пет отсто од своите вакцини против Ковид-19 на земјите во развој.

Макрон, во пресрет на видео самитот на групата Г7, истакна дека неуспех во поделбата на вакцините ќе ја зголеми нееднаквоста во светот

Не станува збор за поделба на милијарда дози вакцини веднаш, или милијарди и милијарди евра. Зборуваме за распределба на четири-пет отсто дози од вакцините кои нема да влијаат на нашата кампања за вакцинација. Секоја земја да остави настрана мало количество на вакцини, но тоа да се направи брзо – нагласи Макрон.

Шефот на француската држава додаде дека и германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржува европската иницијатива за поделба на вакцините, изразувајќи надеж дека неговата идеја ќе ја прифатат и САД.

Во недостиг на таква шема, Кина и Русија ја пополнуваат празнината и отвораат пат за пробив на влијание преку вакцините – изјави Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.