Македонец кој работи во Шангај раскажува како изгледа еден под опасност од тајфунот Ин-Фа кој дува со брзина од 137 километри на час.  Драган Миленковиќ за „Република“ вели дека состојбата е сериозна и оти се откажани сите летови а не работат ни фабриките.

 

Имаме предурредување да не излегуваме од дома бидејќи опасноста е на највисоко ниво. Не работат ниту училиштата ни пазарите-вели Миленковиќ.

Во Шангај и околината живеат околу 26 милиони луѓе а од невремето досега загинаа 12.

Од видеата што ни ги испрати Драган се гледа дека брановите на водата предизвикани од тајфунот се високи десетина метри, срушените дрва се паднати врз автомобилите а пак луѓето во станбените комплекси мораат да пливаат до своите домови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.