Триесет и двегодишна Македонка вчера напладне била убиена на паркинг во австрискиот град Тулн. Како што пренесуваат австриските медиуми, нејзиниот сопруг (36) ја пречекал на паркингот пред супермаркет, каде неколку пати ја избодел со нож во вратот.

Жената починала на лице место, а нејзиниот сопруг е уапсен. Се работи за брачна двојка од Македонија, кои се родители на две деца од 6 и 10 години. Децата се згрижени во институции.

Мотивот за убиството засега не е познат.

Ова е петто убиство од почетокот на годината во Австрија, а сите жртви се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.