Во пресрет на парламентарните избори во Канада в недела, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги повика Македонците да гласаат само за кандидати кои јавно ќе се изјаснат против менувањето на името и идентитетот на Македонците. Според ММДЧП, крајно време е канадските политичари на дело да покажат дека се залагаат за заштита на човековите права, и да се изјаснат против притисоците што се вршат врз Македонија и Македонците.

Организацијата започна кампања во која ги повикува Македонците во Канада да испратат имејл порака до кандидатите.

Дали јавно ќе го осудите менувањеот на името, на идентитетот и на историјата кои брутално им се наметнуваат на Македонците? Ако да, очекуваме да испратите јавна порака со која ќе ни изразите полна поддршка. Ако не го сторите тоа, ќе ја загубите поддршката на огромното македонско гласачко тело во Канада, особено во Торонто, на овие неизвесни избори, пишува во пораката која македонските гласачи се повикани да ја проследат до кандидатите на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.