Поради војната, повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштија Украина, главно во соседните земји – Полска, Молдавија и Романија. Сите сакаат на некој начин да им помогнат, па мајките во Полска почнале да оставаат колички на железничките станици каде пристигнуваат бегалците од Украина.
Имено, повеќето ги напуштиле своите домови и избегаа од завојуваната земја само со најосновните работи. Немало место за колички, па другите сега се обидуваат да им олеснат со прибор за бебиња и мали деца.

Фотографијата од празни колички кои чекаат нови сопственици на железничка станица во Полска стана вирална и споделена над 1.500 пати. Мајчината љубов е бескрајна и моќна, се вели во описот.

Оние кои не успеале да набават количка за своите деца, во прв ред, се снаоѓаат на други начини, па ги возат децата во, на пример, колички за пазарење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.