Меѓу 20-те загинати во масовното пукање во американскиот град Ел Пасо, е и 25-годишната Џордан Анчондо, која настрада додека со телото го штитеше својот двомесечен син, пренесуваат американските медиуми. Анчондо, инаку мајка на три деца, е првата идентификувана жртва во масакрот во „Волмарт“, а нејзината смрт била потврдена од нејзината сестра Лета.

Сестрата открила дека Џордан настрадала додека купувала школски прибор за едно од нејзините постари деца.

Кога ја застрелал, таа го држела бебето во раце, заштитувајќи го. Била погодена во грб, по што паднала врз него и затоа внук ми сега има неколку скршеници. Тој е жив зошто таа го даде нејзиниот живот за него, рекла сестрата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.