Четириесет и двегодишнитат Кети Периновиќ, со хрватско потекло, најверојатно си ги убила своите три малолетни деца, по што си пресудила и самата. Како што пренесуваат австралиските медиуми, телата на мајката, двете ќерки Клер (7) и Ен (5) и на синот Метју (3) биле пронајдени вчера попладне во нивниот дом во Taламарин, предградие во северниот дел на Мелбурн.

Брзата помош ја повикал нејзиниот сопруг Томислав (48), кој бил испитан од полицијата и пуштен без обвинение.

Не веруваме дека е вмешан во инцидентот и засега истрагата не покажа дека треба да бараме и некој друг поврзан со овој случај, изјавиле од полицијата, од каде додале дека прелиминарното мислење е дека мајката е одговорна.

Според сведоштвата од соседите, Кети пред неколку месеци изненадно ја напуштила својата работиа и била доста повлечена во последниот период.

image

Колегите физиотерапевти, велат дека пред три месеци таа изненадно ја напуштила Клиниката за физиотерапија „Гленрој“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.