Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го поздрави почетокот на разговорите со опозицијата во земјата.

Разговорите се одржуваат во во Мексико Сити, а Мадуро им се заблагодари на Мексико и Норвешка за нивното посредување.

Го поздравувам потпишувањето на Меморандумот за разбирање постигнат меѓу владата и опозицијата. Им благодариме на Мексико и Норвешка за нивните напори да донесат мир кај народот на Венецуела – напиша Мадуро на Твитер.

Опозицискиот лидер Хуан Гваидо го нарече тековниот дијалог можност да се постигне сеопфатен договор за ставање крај на страдањата на народот на Венецуела.

Во меморандумот за разбирање, страните, меѓу другите теми, се согласија за распоредот на избори со меѓународни набљудувачи, укинување на санкциите против Венецуела и „враќање“ на правото за користење на замрзнатите средства на Венецуела во странство.

Даг Ниландер, претставник на норвешката влада, изрази оптимизам и изјави дека разговорите заслужуваат силна поддршка од меѓународната заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.