Венецуела ќе ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата поради санкциите кои Вашингтон ги воведе против венецуелската авио компанија „Конвиаса”, изјави шефот на државата Николас Мадуро.

Тој побара од Обвинителството веднаш да подготви постапка пред Меѓународниот суд на правдата поради штетата која ќе ја претрпи националниот авио превозник.

Американското Министерство за финансии во петокот најави санкции против компанијата „Конвиаса” со цел да се блокираат трансакциите меѓу венецуелскиот авио превозник и американските државјани и компании.

Венецуела ќе бара задоволување на правдата пред меѓународните судови, истакна Мадуро во Каракас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.