Главниот град на Шпанија вчеравечер беше окован од снежна бура, незабележана во последните 50 години, што предизвика хаос во сообраќајот и животите на мадриѓани навикнати на своите благи зими.

Како што јави националната ТВЕ, последен пат кога толку наврнало во март 1971 година, а во Мадрид веќе десет години не виделе никаков снег.

Жителите се изненадени од ситуацијата, и не само што се парализирани главните сообраќајници, туку тие не можат да си го исчистат снегот пред зградите зошто немаат лопати.

Неверојатно, вели еден млад човек на улица во патики, неподготвен за снежните услови.

Прогласен е аларм од највисоко ниво бидејќи се очекува невремето да продолжи и во следните два дена.

Се извинуваме, но затворивме порано заради времето, стои на вратите на супермаркетите во поширокиот центар на градот.

Властите ги замолија граѓаните да не излегуваат од дома, а градските паркови се затворени поради страв од кршење на дрвјата.

Повеќе од 320 автопати низ Шпанија се делумно или целосно блокирани со доаѓањето на Филомена. Десетици камиони стојат покрај патиштата.

Ситуацијата, сепак, е најтешка во Мадрид и околината каде живеат 6,6 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.