Шпанското Министерство за здравство ја обвини ЕУ поради одложувањето на испораката на вакцините против Ковид-19, поради што главниот град Мадрид мора да ја прекине натамошната имунизација.

Како што пишува шпанскиот весник „Ел Мундо“, повикувајќи се на содржината на „протечениот“ документ, шпанската влада соочувајќи се со критиките од одделни покраини поради проблемите со резервите го вперила прстот кон Брисел.

Европската Унија е таа која преговара и потпишува договори и затоа е одговорна да бидат исполнети на соодветен начин – се наведува во документот.

Властите во Мадрид ја прекинаа вакцинацијата на нови пациенти, а поради одложувањето на испораките на вакцини се применуваат само вторите дози за ревакцинација.

Се очекува прекинот на вакцинациата да трае две недели, откако компанијата „Фајзер“ минатата недела соопшти дека времено ќе доцни со дистрибуција на вакцините низ Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.