„Суверена одлука“ на Германија е каде ќе ги стекне своите снабдувања со енергија, рече во вторникот министерот за надворешни работи, Хајко Маас, додавајќи дека, „ниту една држава“ не може да ја „диктира“ енергетската политика на Европската унија.

Говорејќи заедно со неговиот руски колега Сергеј Лавров, Маас рече дека Германија разговара за „Северен тек 2“ со ЕУ, откако Соединетите држави решија да го санкционираат проектот. Тој исто така додаде дека „санкции меѓу сојузниците“ не треба да постојат.

Во меѓувреме, Лавров се согласи со Маас и ги нарече американските санкции „незаконски“. Рускиот министер додаде дека Москва сè уште чека официјално појаснување од Вашингтон за тоа како безбедноста на Германија е поврзана со комерцијалниот проект „Северен тек“ 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.