Организацијата „Проект за организиран криминал и корупција“ изготви листа на најкорумпирани политичари во 2021 година, на која прворангиран е белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Потоа, следуваат поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани, сирискиот претседател Башар ал Асад, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека петторангиран е довчерашниот австриски премиер Себастијан Курц.
Комисија составена од шест новинари и научници кои се занимаваат со корупција, и покрај рекордниот број „номинирани“ лидери, за првпат по една деценија едногласно го избра Лукашенко за најкорумпиран политичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.