Во Луксембург ќе биде дозволено одгледување до четири стебла канабис во станови или градини на основа на ублажување на законот, со што државата ќе стане прва во Европа која го легализира производството и консумирањето на марихуана.

Британски „Гардијан“ пишува дека владата на Луксембург внела големи промени во пристапот кон рекреативната употреба и одгледувањето на канабис по неуспешните забрани.

Според новиот закон, лицата постари од 18 години ќе може легално да одгледуваат до четири стебла канабис по домаќинство за лична употреба.

Трговија со семе од канабис, исто така, ќе биде дозволена без ограничувања во количини или на ниво на тетрахидроканабинол (THC), која е основната психоактивна состојка.

Владата соопшти дека ќе биде овозможено купување во продавници, увоз од странство или купување преку интернет.

Постои и намера со време да се дозволи и домашно производство на семе за трговски цели, но плановите за производство и регулирање на дистрибуцијата се одложени поради пандемијата на корона вирусот.

Извори од владата истакнуваат дека иницијативата е водена од желбата да се либерализира потрошувачката и одгледувањето „во сопствените четири ѕидови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.