Луксембург треба да стане првата земја на светот која целиот јавен превоз ќе го направи бесплатен. Новоизбраниот премиер Хавиер Бетел и коалиционата влада најавија дека следното лето ќе ги укинат сите цени на возови, трамваи и автобуси. Имајќи го предвид долготрајното патување и влијанието на јаглерод на земјата, новиот потег се надеваат дека ќе ги ублажи некои од најлошите застои во светот, пишува archdaily.

Луксембург има повеќе од 400 000 патници кои одат на работа во Белгија, Германија и Франција. Оваа година таа земја почна на сите помлади од 20 години да им нуди бесплатен превоз а средношколците исто така можеле да се возат бесплатно помеѓу училиштето и домот. Ова е земја која моментно има најголем број автомобили за своето население во Европската унија.

Како што пренесе Гардијан, допрва треба да се донесе одлука за тоа што треба да се направи и за одделите на прва и втора класа во возовите. Патниците сега плаќаат по 2 евра за најмногу два часа патување, што ги покрива скоро сите патувања во малата земја. Владеачката коалиција соопшти дека планира да ги преправи даночните олеснувања за патниците, што е надомест расположлив врз основа на помината далечина. Почнувајќи од 2020 година, сите билети ќе бидат укинати за да се заштеди на наплата на карти и на набавките на билетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.