Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, по средба со вицепремиерот Јуриј Назаров и со министерот за индустрија, Пјотр Паркомчик, најави дека неговата земја ќе возврати на западните санкции за белоруските компании.

Некои од нашите компании се погодени од незаконски санкции од Западот. Треба да возвратиме на тоа – порача Лукашенко, барајќи од Назаров да се осврне на ова прашање заедно со премиерот Роман Головченко и другите членови на Владата.

Санкциите против Болорусија беа наметнати по претседателските избори на 9 август, кога почнаа протести против изборните резултати. Централната изборна комисија на земјата соопшти дека Лукашенко победил на изборите, но голем број европски земји и САД одбија да ги признаат резултатите од гласањето.

Потоа, Западот воведе низа санкции за Белорусија. Санкциите на САД влијаат на 40 белоруски физички лица и четири компании. Минск смета дека санкциите претставуваат мешање во внатрешните работи на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.