Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, порача дека црноморскиот полуостров Крим и припаѓа на русија.

Тоа е прва ваква изјава на Лукашенко по долг период на воздржаност.

Крим е де факто руски Крим. По референдумот, Крим стана и де јуре руски – изјави Лукашенко во интервју за руската државна агенција Риа Новости.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за изјавата на Лукашенко истакна дека „нема потреба ништо да се направи и не треба да се носат закони“ за признавање. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, од друга страна, вели дека дејствијата на Лукашенко се она што е важно и го предупреди Минск во случај на официјалното признавање на Крим за руски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.