Белорусија изврши специјална операција за ослободување белоруски државјани во Украина, соопшти денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Се случи злобниците да ги држат нашите луѓе, особено возачите на автомобили кои беа таму – истакна Лукашенко.

Според него, Украина запленила 1.500 белоруски вагони, автомобили и околу стотина мажи кои возеле камиони.

Ги предупредив Украинците дека ќе бидеме принудени да извршиме операција за ослободување на овие луѓе. Спроведовме специјална операција и ги ослободивме сите наши граѓани – додаде Лукашенко.

Тој не откри повеќе детали, но рече дека веќе му наложил на претседателот на Советот за државна безбедност (КГБ), Иван Тертел, да им додели државни признанија на сите вклучени во оваа операција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.