Белорусија ќе ѝ се обрати на Русија со барање да го врати нејзиното нуклеарно оружје доколку САД распоредат нуклеарно оружје во Полска или Литванија, изјави денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Лукашенко ја спомена оваа можност за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, пренесе ТАСС.

„Доколку САД или Франција го преместат нуклеарното оружје во Полска или Литванија, односно до нашите граници, ќе апелирам до мојот руски колега Владимир Путин да го врати оружјето што некогаш безусловно го предадов“, рече Лукашенко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.