Британски министер порача дека луѓето кои ќе одбијат да се вакцинираат против коронавирус нема да може да се вратат во нормала, односно без потврда за вакцинација нема да им биде дозволен влез во ресторани, кафулиња, кино сали и слично.

Како и што се очекуваше, државите ќе се обидат да вакцинираат што е можно поголем број на граѓани, а тие кои ќе одбијат да се вакцинираат ќе се соочат со низа на забрани.

Новиот британски министер задолжен за спроведување на вакцинацијата против коронавирус, Надим Захави, порача дека оние кои ќе се вакцинираат нема да се вратат на „нормалниот живот“ затоа што без потврда за вакцинација нема да можат да влезат во ресторани, кафулиња, кино сали и слично.

Британскиот министер со ирачко потекло и натаму инсистира дека вакцинирањето „нема да биде задолжително“, но како што и самиот истакна, невакцинираните луѓе би можеле да се најдат во еден целосно изолиран свет.

Во разговор за „БиБиСи“, Захави истакна дека статусот на вакцинација би можел да се прикажува на апликација на паметен телефон и на тој начин би се вршела брза проверка на поединци.

Верувам дека таа апликација ќе ја проверуваат рестораните, кафулињата, кино салите, спортските локации и други места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.