Аеродромот во Лондон „Хитроу“, сè уште бележи загуби и покрај заживувањето на туризмот во третиот квартал по ублажувањето на ограничувањата поради корона вирусот. Од аеродромот проценуваат дека сообраќајот нема целосно да се опорави од кризата до 2026 година.

Најпрометниот аеродром во Велика Британија објави дека, по оданочување, периодот јануари-септември го завршил со загуба од 1,32 милијарди фунти (1,57 милијарди евра).

Од почетокот на кризата, загубата вкупно изнесува 3,4 милијарди фунти.

Бројот на патници во третиот квартал достигнал 28 отсто од нивото пред пандемијата.

Во пандемијата во 2020 година „Хитроу“ ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа, која ја презеде „Шарл де Гол“ во ПАриз, и оттогаш се обидува да ги подобри резултатите со промена на таксите за авиокомпаниите.

Британскиот авијациски регулатор минатата недела го отфрли предлогот на „Хитроу“ за зголемување на таксите за патници, оценувајќи го како претеран. На таквото барање се спротивставија и авиокомпаниите, кои се сериозно погодени од пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.