Британскиот министер за претпримништво, Кваси Квартенг, реагира дека Европската Унија е нефлексибилна во однос на новите преговори за делот на договорот за Брегзит во врска со Cеверна Ирска.

Квартенг испрати предупредување до Брисел дека тоа не е договор што ќе трае вечно.

Договорот е договор, но не е нешто што ќе трае вечно. Беше флексибилен и сакаме да функционира полесно – изјави Квартенг за „Скај“.

Според Квартенг, Британија можела да го суспендираат членот 16 од договорот, но решила да не го прави тоа.

Ова не е нашата почетна позиција и сакаме да можеме да преговараме и да разговараме со ЕУ за тоа како најдобро да се оди напред – вели британскиот министер за претприемништво.

Лондон во средата побара од ЕУ да го смени протоколот за Cеверна Ирска само една година откако беше договорен.

ЕУ веднаш го отфрли таквото барање, велејќи дека Велика Британија треба да ги почитува меѓународните обврски. Брисел посочи на фактот дека за протоколот преговарал британскиот премиер, Борис Џонсон.

Протоколот беше клучен дел од решението за Брегзит, поддржан од Џонсон. Протоколот ја остави Cеверна Ирска во рамките на единствениот европски пазар за стоки, но мора да се извршат контроли врз стоките што го преминуваат Ирското Море.

Компаниите во Cеверна Ирска велат дека тоа и штети на трговијата, а северноирските синдикалци протестираа против слабеењето на врските со остатокот од Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.